Поврзи се со нас

Фудбал

Уште троица играчи на Рома позитивни на коронавирус

Рома пред неколку дена потврди дека Един Џеко е позитивен на коронавирус, па поради тоа не играше против Џенова. Сега, нови информации. Од клубот соопштија дека уште тројца фудбалери добиле позитивни тестови. Станува збор за Лоренцо Пелегрини, Федерико Фацио и Давиде Сантон.

Пелегрини потврди преку Инстаграм и откри дека има мали симптоми, но дека се чуствува добро. Фацио и Сантон немаат никакви симптоми и од вчера се во самоизолација.

Диавара и Калафиори се уште се позитивни, но поради добрите медицински наоди, добија дозвола да тренираат самостојно.

 

loading...

Facebook