Connect with us

Фудбал

Уште тројца вардарови фудбалери со репрезентативни повици

Бројката на репрезентативци кои доаѓаат од екипата на Вардар се зголемува. После тројцата фудбалери кои ќе играат за македонскиот национален тим, уште двајца играчи ќе играат за младата селекција, а сега Тигран Барсегјан, Ховханес Хамбарџумјан и Џамбул Џигуари ќе настапуваат за своите репрезентации во престојниот ФИФА термин на пријателски натпревари.

Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан ќе играат за Ерменија на пријателските натпревари на домашен терен против Белорусија и против Кипар на 9-ти, односно на 13-ти ноември. Џамбул Џиугари, пак, се најде на списокот на селекцијата на Грузија во дуелите исто така против Кипар на 10-ти и против Белорусија на 13-ти ноември.

Со тоа бројката на репрезентавци на Вардарци секојдневно се зголемува. Висар Муслиу, Бобан Николов и Дарко Велковски ќе играат за сениорската селекција на Македонија против Норвешка, Петар Петковски и Бесар Исени ќе бидат дел од младата репрезентација во мечот со Австрија, додека пет играчи на „црвено-црните“ (Методија Велковски, Филип Антовски, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски) се повикани за репрезентацијата до 19 години за квалификациски турнир. . Бројката на играчи кои ќе играат за националните тимови ќе биде вкупно 13.