Connect with us

Кошарка

Условите за летање биле лоши, а пилотот добил дозвола да полета, зошто?!

Американските медиуми продолжуваат да ги бараат причините за несреќата во која загина легендата Коби Брајат. Началничката на полицијата во Лос Анџелес Ивет Тјуниг потврдила на прес конференцијата дека постои можност дека до несреќата дошло поради густата магла.

Утврдено било дека временските услови биле навистина лоши. Но, условите за летање биле лоши и пред несреќата.

Имено „Њујорк Тајмс“ пишува дека дозвола за летање пилотите добиваат доколку видливоста е четири километри, а на денот на несреќата временските услови не овозможувале ниту приближно на ова.

Поради тоа „Њујорк Тајмс“ го поставува прашањето зошто воопшто пилотот добил дозвола да полета, ако условите биле многу лоши.

Одговорот на институциите до весникот бил дека пилотот добил посебна дозвола за да полета, кое се нарекува „дозвола за летање според посебни правила на видливост“ и при која се лета само со помош на инструментите.

Првичните информации велат деа хеликоптерот се срушил со брзина од околу 300 километри на час во планините во близина на Калифорнија, а причината се наведува густата магла.