Connect with us

Фудбал

Успешна операција, но сезоната за напаѓачот на Барселона заврши

Напаѓачот на Барселона Осман Дембеле е успешно опериран, соопштија од каталонскиот тим. Уште пред извесно време беше познато дека повредата е серозна и дека ќе мора да има оперативен зафат. Сепак, стравувањата се потврдија, сезоната за Дембеле е завршена, односно рехабилитацијата ќе трае шест месеци.

Ова е нов пех за Французинот, кој ја скина тетивата откако се врати на терен по повредата заработена на 27 ноември во мечот против Борусија Дортмунд во ЛШ.

Освојувачот на СП со Франција од доаѓањето на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд во 2017-та година пропушти повеќе од 80 мечеви поради повреда. Како што стојат работите, бројот на пропуштени мечеви ќе порасне над 100 до крајот на сезоната.