Connect with us

Други спортови

Успешно оперирана повредата на репрезентативецот Гоце Јанески

Македонскиот бокс репрезентативец Гоце Јанески успешно е опериран во Градската болница „8 Спетември“ во Скопје.

Оперативниот зафат го направи доктор Небојша Нешковски. Гоце е пуштен на домашна нега, а наскоро ќе почне рехабилитацискиот период за закрепнување на мускулите.

Лекарските прегледи и операцијата се направени со помош Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Боксерот на Аперкат подолго време го мачеше повреда на рамото која ја заработи во последното коло на Регионалната бокс лига, а која се одрази и на настапот на Европското првенство во Романија во У-22.

ipon.mk