Connect with us

Ракомет

Утре стартува ракометната „треска“, за Македонија ден покасно, почетоците секогаш тешки

За Македонија годинешното Европско првенство ќе биде шесто учество. Претходно, македонската машка репрезентација била дел од континенталните собири во 1998, 2012, 2014, 2016 и 2018-та. Последните пет првенства имаме континуитет.

Годинешното Европско првенство почнува утре, со мечот Белорусија – Србија, а првиот меч нашата репрезентација го игра во Виена, во петок, на 10-ти јануари, во рамките од Групата Б против  Украина. Се очекува да стартуваме со победа. Мечот се игра во 20:30 часот.

Но, какво е претходното искуство? Без разлика на конечниот пласман, првите мечеви за Македонија секогаш биле најтешки. Во 1998-ма загубивме од Унгарија со девет голови разлика, 29:20. Имаше пауза од 14 години без европско, а потоа се вративме во 2012-та. Првиот меч реми против Шведска 26:26. Две години подоцна исто така реми, овој пат против Чешка 24:24.

Во 2016-та година во првото коло Македонија играше со силната Франција, а поразот беше со седум голови, 30:23.

Последното ЕП во 2018-та го стартувавме со победа против Словенија 25:24 и тоа е единствениот воведен меч која нашата репрезентација го добила на европските првенства.

ЕП 1998-ма

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 29:20

ЕП 2012-та

ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 26:26

ЕП 2014-та

ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 29:21

ЕП 2016-та

ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 30:23

ЕП 2018-та

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 25:24