Connect with us

Фудбал

Вајгл желба на “Бернабеу”

Фудбалерот на Борусија од Дортмунд е дефиниран како наследник на репрезентативецот на Германија, Тони Крос, кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М) ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џулијан Вајгл.
Неофицијално, раководните лица на “кралскиот клуб” се подготвени да одвојат околу 30 мил. евра за услугите на одличниот играч за врска.

Фудбалерот на Борусија од Дортмунд е дефиниран како наследник на репрезентативецот на Германија, Тони Крос, кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.