Connect with us

Други спортови

Вајратер најбрза на супер-џи во Лејк Луиз

Тина Вајратер од Лихтенштајн е победничка на супервелеслаломот што вечерва се возеше во канадски Лејк Луиз.

Таа патеката ја мина за време од 1:18.52 минути, 11 стоти делови од секундата побрзо од Лара Гут (Швајцарија) и 27 стотинки побрзо од Никор Шмидхофер од Австрија.

За Вајратер ова беше осма победа во кариерата и шеста во дисциплината супервелеслалом од Свесткиот куп во алпско скијање.

Вклучувајќи ги осумте победи, Вајратер има вкупно 33 подиуми.

Во Генералниот пласман води Микаела Шифрин (САД) со 510 бода, пред Викторија Розенбург (Германија) со 336 и Вајратер која по денешниот триумф има 234 бода.