Connect with us

Други спортови

Вајт: „Имаш до март да ја браниш титулата“

Иако миленик на сопствениците и управата на УФЦ, МкГрегор доби ултаматум да ја брани титулата или да ја предаде. Дена Вајт, најави дека ќе му го одземе и вториот појас доколку наскоро не го брани.

Конор мора да донесе некои големи одлуки во наредниот период. Доколку чека, а сметам дека не сака да се бори до август, тогаш ќе поминат две години откако појасот не е одбранет, а тоа не смее да се случи, изјави Вајт.

УФЦ организацијата веќе му одзема еден појас на Конор, тој во перо категорија, поради тоа што не го бранеше долг период.