Connect with us

Фудбал

Вака ќе изгледа најмоќниот фудбалски клуб следната сезона

Менаџментот на Реал Мадрид најавува дека во претстојниот преоден рок ќе состави моќна екипа. На тренерот Зинедин Зидан ќе му дадат на располагање дури 500 милиони евра фонд за појачувања како Килијан Мбапе, Пол Погба и Идн Хазард.

Медиумите потсетуваат дека пред една седмица почнале преговорите за преземање на Хазард од Челси.

Единствен проблем е казната што Челси ја доби од ФИФА, според која во следните два преодни рока нема да може да носат нови играчи, па затоа Хазард би останал во сегашниот тим.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува во 2021 година, но според шпекулациите, менаџерот на Погба ќе му го овозможи трансферот, со нагласок дека кој и да го ангажира ќе мора да му обезбеди на Погба годишна плата од 16 милиони евра.

Француските спортски медиуми објавуваат дека оваа седмица Реал подготвува 280 милиони евра за трансфер на Мбапе од ПСЖ.

Најверојатно нè очекува историско лето кога се во прашање трансферите.