Connect with us

Фудбал

Вакви фудбалери се ретки, Иниеста одбил неколку клубови, само за да го исполни ветеното

Андрес Иниеста летото во 2018 година по 22 сезони ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во Јапонија. Потпиша за Висел Кобе, со кого има тригодишен договорор.

Го бараа неколку клубови, пред се од МЛС Лигата и Интер Мајами чиј сопственик е Дејвид Бекам, па ЛА Галакси, а последен е Естудијантес од Аргентина чиј претседател е исто така уште една легенда Хуан Себастијан Верон кој веќе го договори Хавиер Маскерано.

Сепак, Иниеста како и претходните понуди, така ја одбил и оваа. Причината е едноставна. Има важечки договор со Висел Кобе и сака да го одработи до крај. Договорот му истекува во 2021 година.