Connect with us

Фудбал

Вакво алиби нема ниту во македонската лига, високата трева според Артета причина за слабата игра

Тренерот на Арсенал Микел Артета имаше интересна изјава по мечот против Барнли кој заврши 0:0, уште еден дуел без победа за неговиот тим. Причина за слабата игра на неговиот тим ја виде во високата трева и тоа што теренот не бил полеван.

-Тревата беше превисока. Покрај тоа, воопшто не го поливале теренот и тоа не ви помага да играте фудал. Знаев дека тоа ќе го направат, па поради тоа вежбавме на таков терен, кој не го полевавме со вода. Не е лесно да се игра на таков терен, вели Артета.

Сепак, тешко дека ова може да биде причина за четвртиот меч по ред со нерешен резултат.