Connect with us

Други спортови

Валентино Роси ќе го „обиколи“ светот на својот мотоцикл

Ветеранот на МотоГП, Валентино Роси ќе постигне извонреден успех за време на трката во Шпанија овој викенд. 
 
Во 15-тиот круг по стартот на „Херез“, пилотот ќе помине 40.075 натпреварувачки километри на својот мотоцикл. 
 
Што е интересното во овој број? Точно толку километри е растојанието по целиот екватор на Земјината топка. 
 
„Докторот“ ја поминува оваа далечина на својот мотоцикл за 23 сезони, освојувајќи 115 победи, 228 подиуми и девет шампионати по целиот свет.
 
Трката во Шпанија оваа недела е 369. Гран при, во кое учествува легендарниот Италијанец. 
 
Тој е и најуспешниот пилот на „Херез“ со девет победи – една во 125цц и 250цц и седум во кралската класа.