Connect with us

Фудбал

Валверде не знаел дека Гризман отпатувал во Њујорк

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не знаеше дека неговиот напаѓач Антоан Гризман лета за Њујорк за да присуствува на НБА-мечот меѓу Бруклин и Њујорк.

Французинот го искористи одложувањето на мечот со Реал Мадрид за да оди во Соединетите Американски Држави.

– Слободното време се користи за да се релаксира. Секој одлучува што му одговара. Но, во секој случај, благодарам за информацијата, затоа што не знаев за неговото патување, одговори Валверде кој беше запрашан за неговиот став за патувањето на Гризман.

„Ел Класико“ требаше да се одигра на 26 октомври, но сепак натпреварот е одложен за 18 декември поради протестите во Каталонија и одлуката на Вишиот суд во Шпанија да осуди на затворска казна неколку поранешни каталонски функционери.