Connect with us

Фудбал

Валверде за Дембеле: Треба да го заслужи своето место

Осман Дембеле не е во составот на Барселона за дуелот со Славија Прага. Тој е во лоша форма, на пет меча во Ла Лига сезонава постигна само еден гол, нема асистенции, а има и еден црвен картон.

Тренерот Ернесто Валверде изјави дека секој треба да си го заслужи своето место, а таков е случајот и со Дембеле.

-Секој треба да го заслужи своето место, Дембеле не е исклучок. Кога игра на една позиција, ќе остане на таа позиција доколку игра добро, како што се Суарез, Гризман, Пике, Меси.