Connect with us

Фудбал

Ван Дајк најдобар стрелец, меѓу дефанзивците

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го отвори резултатот на вечерашниот натпревар со Манчестер јунајтед. Ова е четврти гол на 28-годишниот Холанѓанец оваа сезона на 22 натпревари. Тој постигна ист број на голови минатата сезона на 31 натпревар.

Така, од почетокот на минатата сезона, Ван Дајк има постигнато осум гола – повеќе од кој било друг дефанзивец во лигата.

Вреди да се одбележи дека сите четири гола оваа сезона, Ван Дајк ги даде со глава.