Connect with us

Фудбал

Ван де Бик се подготвува да се пресели во Турција

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бик е се поблиску до преселба во Турција Според ESPN, 26-годишниот играч би можел да ја продолжи кариерата во Фенербахче или Галатасарај.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг му кажа на играчот од средниот ред дека не смета на него по потпишувањето на Мејсон Маунт и Софијан Амрабат.

Според изворот, англискиот клуб е подготвен да ја разгледа секоја понуда за Ван де Бик, а Турците се уште се во игра бидејќи нивниот преоден рок се затвора на 15 септември.