Connect with us

Фудбал

Ван Перси се враќа каде што започна…

Актуелниот шампион на Холандија, тимот на Феенорд е на добар пат повторно да ги осигура услугите на миленикот на најверните фанови, напаѓачот на Фенербахче, Робин ван Перси.

Турскиот гигант сака да се ослободи од услугите на холандскиот интернационалец и на тој начин да направи место за младинскиот репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас.

Поранешниот репрезентативец на Холандија моментално се рехабилитира од последната повреда, но не крие дека сака да се врати во матичниот клуб за време на зимскиот преоден рок.