Connect with us

Ракомет

Вардар без Столе Стоилов и Толедо против Кил

За натпреварот со Кил, кој се игра во сабота со почеток во 17:30 часот, тренерот на Вардар Давид Писонеро нема да смета на Стојанче Сотилов и Ѓозе Толедо. Кристијан Дисингер имал мала настинка, но тој секако ќе биде подготвен за саботниот меч. Сепак, тренерот на „вардарци“ Писонеро верува дека ќе успеат во салата „Јане Сандански“ да обезбедат победа.

„Ова е многу важен натпревар за нас и на некој начин ова е меч на сезоната за нас. Ние одигравме многу тешка средба на гостувањето кај Монпелје, но тоа беше старт на сезоната. Сега го играме првиот тежок натпревар на домашен терен. Кил е многу добра екипа и голем клуб, која игра одличен ракомет. После Супер глоуб турнирот Кил ја крена формата. Сепак, ние играме во Скопје и очекуваме многу пред нашите навивачи, вели Давид Писонеро, тренерот на Вардар.