Ракомет
Вардар го собира најдоброто од Македонија, по Талески потпиша и Георгиевски
Гоце Георгиевски е нов член на Вардар. Според информациите тој се договорил за двегодишна соработка со се уште актуелниот европски првак. Тој во последните три сезони играше за романскиот клуб ЧСМ Букурешт.
Очичледна е намерата на РК Вардар, а тоа е да го собере најдоброто од Македонија. По Филип Талески, договорен е и Гоце Георгиевски. Двајцата претходно го носеа дресот на Металург.