Ракомет
Вардар игра шампионски – триумфално против Турингер во Германија
Ракометарките на Вардар забележаа нова победа против Турингер (Германија).
Македонските шампионки попладнево гостуваа кај германскиот шампион Турингер, во рамките од 2.коло на Ц групата. Вардарки славеа победа со 29-19 полувреме 19-11.
Германките беа рамноправни само во првите 10-минути кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше серија на Вардар од 6-0 за водство во 16.минута со шест гола разлика (12-6), за на крајот на полувремето да заминат со предност од осум гола (19-11)
Во второто полувреме избраничките на Ирина Дибирова, рутинирано ја одржуваа предноста која на крајот на мечот изнесуваше десет гола
29-19
Најефикасна во редовите на Вардар беше Јованка Радичевиќ која средбата ја заврши со 7 гола, додека по 5 постигна Александра Лакамбре, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ (сите во првото полумреме.
Вчера во првата средба од оваа група унгарскиот ФТЦ со 37-33 го совлада Ларвик.
По два одиграни меча, ЖРК Вардар е лидер на табелата со максимални 4 бодови, пред ФТЦ и Турингер кои имаат по 2, односно норвешкиот Ларвик кој е без освоен бод.
Токму Ларвик е следниот противник на ЖРК Вардар во мечот кој ќе се игра на 21 октомври (сабота) во Норвешка.