Connect with us

Фудбал

Вардар не е „раздрман“, убедлива победа против „Лавовите“

Лидерот на табелата Вардар славеше со 3:1 во пресметката со Македонија ЃП во првиот меч од пролениот дел од сезоната. Жунињо, Ибиши и Цветановски беа стрелци на головите за „црвено-црните“, додека за „Лавовите“ погоди Паду.
Со оваа победа Вардар собра 39 бодови единаесет повеќе од второпласираната Шкендија.

Останатите средби се играат утре.

Со овој триумф фудбалерите на Вардар покажаа дека ќе се борат на теренот за овој дрес и без разлика што во текот на подготовките стигна информацијата дека Сергеј Самсонеко се повлекува и нема да го финансисра повеќе клубот. Се доби впечаток дека по ова ќе настане криза во тимот, но барем на првиот пролетен меч нема никаква трага од тоа.

Парови и резултати 19.коло
Сабота:

Вардар – Македонија ЃП

Недела:

Академија Пандев – Шкендија
Ренова – Силекс
Шкупи – Борец
Струга Трим Љум – Работнички

*Сите средби почнуваат во 14 часот.