Ракомет
Вардар против Монпелје до нова историја
Вардар го доби противникот за полуфиналето во Лигата на шампионите.
Екипата на Монпелје ќе треба да падне, за Вардар да испише нова историја. Натпреварите ќе се играат во „Ланксес арена“ на 26 Мај во Келн.
Според брифингот можни термини се: 15:15 и 18:00 часот. Но тие дополнително ќе бидат утврдени.
Монпелје е поранешен европски шампион и оваа сезона тешко стигна до оваа фаза.