Connect with us

Фудбал

Вардар против Силекс ќе бара прекинување на серијата порази

Во рамките од 13. коло од Првата лига, Вардар утре гостува во Кратово на тимот на Силекс. Сепак, ова ќе биде 11-ти натпревар, со оглед дека има два заостанати поради настапите во групната фаза од Лигата на Европа.

Вардарци во овој натпревар влегуваат со желба да се вратат на победничките патеки, со оглед дека се во серија од два порази по ред: од Победа и од Работнички.

На првиот натпревар оваа сезона, „црвено-црните“ го совладаа Силекс со 3:1 со головите на Грнчаров, Барсегјан и Глигоров. На тој меч Гачевски успеа да одбрани пенал на противникот.

Утрешниот натпревар започнува во 13:30 часот. Ќе го суди судиска тројка од Скопје, и тоа во состав: Александар Ставрев како главен судија, и Марјан Кировски и Дејан Костадинов.