Connect with us

Ракомет

Вардар со најдобра одбрана во лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар ја има најдобрата одбрана во лигата на шампионите по трите одиграни натпревари во групната фаза. „Црвено-црните” примија 66 гола на три средби, што е далеку најмалку од другите 15 екипи во двете најквалитетни други од ЛШ.

Покрај Вардар, уште Барселона и Веспрем се единствените тимови без пораз досега. Првиот пораз сезонава го доживеа тимот на ПЖ, ланскиот финалист на ЛШ, овојпат на гостувањето во Германија кај Флензбург.

Во Б групата дури пет екипи имаат по два бода, а поранешниот европски првак Кјелце и по вторпат загуби сезонава, и пак на гостински терен, сега кај Целје.

Резултати и табели по 3 коло во лигата на шампионите

Група А:
Висла – Барселона 30-37
ПИК Сегед – Кристијанштад 36-27
Вардар – ППД Загреб 28-21
Нант – Рајн Некар 26-26

Табела: Вардар 6 бода, Барселона 5, ПИК Сегед и Рајн Некар по 4, Нант 3, Кристијанштад и ППД Загреб по 1 бод, Висла без бодови.

Група Б:
Целје – Кјелце 31-27
Флензбург – ПСЖ 33-29
Мешков – Веспрем 26-29

Табела: Веспрем 6, Флензбург и ПСЖ по 4 бодови, Кјелце, Олборг, Мешков, Целје и Кил сите по 2 бода.

Група Ц:
Горење – Скјерн 31-29
Адемар леон – Елверум 26-30
Динамо Букурешт – Кадетен 29-28

Табела: Горење 6 бода, Скјер 4, Кадетен, Адемар Леон, Елверум и Динамо Букурешт сите по 2 бода.

Група Д:
Монпелје – Мотор 28-20
Металург – Спортинг 28-27
Чеховски Медведи – Бешикташ 27-29

Табела: Монпелје 6 бода, Мотор Запорожје и Бешикташ по 4 бода, Спортинг и Металург по 2 бода, Чеховски Медведи без бодови.