Connect with us

Ракомет

Вардарки се фаворитки, но поубаво се игра во полна сала

Вардар влегува како фаворит на саботниот дуел од лигата на шампионите против Ларвик, но „црвено-црните” на натпреварот ќе бидат максимално посветени на постигнување на зацртаната цел.

Лесната победа на првиот дуел во Норвешка, 31-19 нема да нѐ залаже, зашто ривалот е составен од млади ракометарки што се желни за докажување, и секако ќе се обидат да ја искористат секоја шанса.

Ова ќе биде шеста меѓусебна средба на Вардар и Ларвик во ЛШ. Нашиот тим има три победи. На теренот во Скопје, само во 2013 година гостинките освоиј абод, а лани во четврт-финалето на ЛШ победивм еубедливо со 34-20.

Натпреварот меѓу Вардар и Ларвик е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Во продажба се пуштени и билетите за натпреварот, што може да се купат во продажната мрежа на www.ticketplus.mk

Вардар има три победи по првите три кола и најдобра гол разлика од сите учесници во групната фаза. „Црвено-црните” ја темпираат формата токму за овие натпревари од ЛШ.

„Тие се млада екипа што има смена на генерации во моментов. Тоа не значи дека ќе биде лесно бидејќи имаат млади, но добри играчи, шутери и традиционално имаат брз контранапад. Ние тоа го видовме во Норвешка, и имавме проблеми поради наши грешки. Тие треба да ги намалиме и сѐ ќе биде во ред. -изјави Ирина Дибирова, тренер на Вардар.

„ После три кола имаме максимален учинок, и сакаме да продолжме со овој однос. Со секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека во сабота нема да биде лесно. Играат секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови. Ќе се обидеме да поправиме некои работи, за следното гостување во Будимпешта. Тоа е целта, да завршиме онака како што очекувавме. – Јованка Радичевиќ – капитен на Вардар

„ Добро е што капитенот и тренерот размислуваат дека секој натпревар е сериозен. Сакам да истакнам дека сериозно пристапуваме на секој меч. Мец и Вардар се единствени со максимален учинок досега во ЛШ. Очекувам сите да бидат здрави и неповредени. Доколку продолжимне со овој начин на играње можеме да го реализираме она што е план. Им се заблагодарувам на навивачите за досегашната подршка, но секако можат да дојдат и во поголем број. Убаво е да се игра пред полни сали. Ларвик е наш традиционален противник. Мислам дека ќе има одлична ракометна претстава во сабота. – Гордана Нацева – претседател на Вардар