Connect with us

Ракомет

Вардарки со „педесетка“ и против сестринскиот тим Вардар јуниор

На два дена пред заминување за Будимпешта каде викендов ќе го играат петтиот Ф4 турнирот во лигата на шампионите ракометарките на Вардар ја имаа последната контрола победувајќи го сестринскиот тим на Вардар јуниор со 50-29 (23-13).

На дуелот настапивме со домашни ракометарки и со Суслина, Хмирова и Петровиќ, но и со нив бевме далеку подобри.

Од самиот почеток Вардар направи водство кое посетепно, но сигурно се зголемуваше. Дури три ракометарки имаа двоцифрен учинок: Саздовска и Ристовска постигнаа по 11 гола, а еден помалку даде Керамичиева.

Вардар јуниор – Вардар 29-50 (13-23)

Вардар јуниор: Илиќ, Николовска, Реџеп, Николовска 4, Велкова, Карчева, Стефановска, Кицевска, Атанасова, Трпевска 5, Георгиевска 2, Диневска, Божиновска 6, Филиповска 3, Иванова 3, Николиќ 6

Вардар: Саздовска 11, Бајрамовска 6, Мицевска, Керамичиева 10, Суслина, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 4, Ристовска 11.