Connect with us

Ракомет

Вардарци победнички се враќаат од Кристијанштад

Седум дена по домашниот пораз од Веспрем, ракометарите на Вардар покажаа карактер и го совладаа шведскиот првак Кристијанштад во гости со 30-32. Во пресрет на последното коло вардарци и натаму не го знаат својот финален пласман во групата А, бидејќи може да бидат пласирани од второто до четвртото место.

Најефикасен во тимот на Кристијанштад беше Гудмунсон со девет гола, а кај Вардар се истакнаа Кристопанс со осум и Шишкарев со пет и Скубе со четири погодоци. Следната сабота вардарци го пречекуваат европскиот првак Монпелје и по исходот од овој натпревар ќе биде познат финалниот пласман во групата на четвртата екипа во Европа од ланската сезона.