Connect with us

Други спортови

Вашингтон на чекор до историски трофеј

Хокеарите на Вашингтон Кепитолс ноќеска го совладаа Вегас Голден Најтс со 6:2 и поведоа со 3-1 во финалната серија од НХЛ лигата.

„Кепси“ ги дели само една победа од историски прв трофеј во „Стенли купот“.

Првата шанса да го освојат трофејот хокеарите на Вашингтон ќе ја имаат ноќта четврток кон петок кога на распоредот е петтиот дуел од финалната серија.

Во последните 76 години од НХЛ лигата, ниту една екипа не успеала да се врати по 1-3 или 0-3 во финалната серија. Пред тоа, во 1942 година Торонто го совлада Детроит со 4-3 по негативата од 0-3.