Connect with us

Фудбал

Вечерва дерби, Јунајтед се закани дека ќе ги исфрли навивачите на Сити од трибините

Вечерва во рамките на „Карабао Куп“ се игра полуфиналето помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Градската пресметка секогаш е дерби, без разлика во која конкуренција се игра.

Сепак, раководството на „Црвените ѓаволи“ се закани дека ќе ги исфрли навивачите на Манчестер Сити, доколку од трибината предвидена за домашните фанови навиваат за „Граѓаните“.

Како што се вели во објаснувањето сето ова се прави од безбедносни причини и да нема инциденти.