Connect with us

Фудбал

Вечерва се игра Суперкупот на Европа: Тешка повреда го потресе Реал, Модриќ се фаќаше за глава (ВИДЕО)

Вечерва во Варшава освојувачот на Лигата на шампионите Реал Мадрид и освојувачот на Европската лига Аталанта ќе играат за трофејот во Суперкупот на Европа, а пред натпреварот лоши вести за Кралевите. Имено, играчот од средниот ред на Реал, Едуардо Камавинга заработи тешка повреда на последниот тренинг, поради што нема да може да игра, а постои сомневање дека му се оштетени лигаментите на коленото.


Беше во дуел со Орелиен Чоамени, изгуби рамнотежа, се лизна и падна, а соиграчите со неверување гледаа што се случува, додека Лука Модриќ дури и се фати за глава. Реал се надева дека дополнителните тестови нема да ги потврдат темните сомнежи и дека Камавинга многу брзо ќе се врати на теренот.