Connect with us

Фудбал

Венгер: Имам повеќе понуди отколку што очекував

Легендарниот французин Арсен Венгер ќе го напушти Арсенал по крајот на сезоната, по вкупно 22 години на клупата на клубот од северниот дел на Лондон.

Неговиот наследник се уште не е познат, иако во медиумите се вртат неколку имиња (Луис Енрике, Масимилијано Алегри …), а Венгер вели дека ќе го поддржи неговиот наследник, кој и да е.

“Како фан на Арсенал, јас ќе го поддржи секој кој се наоѓа на оваа позиција. Но, јас нема јавно да коментирам, кој сака мој совет ќе добие приватно. Сите тренери кои се поврзуваат со Арсенал се одлични стручњаци”, рече Венгер, додавајќи:

“Кој и да дојде ќе има добра основа. Ова е тим кој има потенцијал. Можеби се потребни две или три засилувања и Арсенал ќе биде во можност да се бори за титулата.”

Тој сè уште не размислува за иднината, но вели дека има повеќе понуди отколку што очекувал.

“Јас веќе добив неколку понуди, искрено повеќе отколку што очекував. Но, се уште ништо немам земево во обзир. Сакам до последниот ден да бидам посветен на Арсенал, а потоа ќе видиме. Не сум ја разгледувал опција да биде тренер на некој друг клуб во Премиер лигата”, заклучува Венгер, кој најави дека ќе ја продолжи својата кариера надвор од Англија.

Арсенал објави дека наследникот на Венгер ќе биде назначен пред почетокот на Светското првенство во Русија, на 14 јуни.