Connect with us

Фудбал

Венгер прашан дали ќе го преземе Баерн Минхен, еве што одговори

Некогашниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се спомнува како најсериозно име за клупата на Баерн Минхен. Запрашан во гостувањето во емисијата „Беин Спорт“ дали би ја прифатил оваа понуда, не даде конкретен одговор, но изјави дека му недостасува тренерскара табота.

-Тренерската работа е мојот живот. Сите кои се занимавале со оваа професија, ќе ви го кажат истото. Недостасува интензитет, голем број работи ви недостасуваат, но има и некои кои не, изјави Венгер.

По поразот викендов од Ајнтрахт Франкфурт од 5:1, раководството на Баерн Минхен одлучи да му врачи отказ на Нико Ковач. Двајца тренери веќе го одбија гернабскиот тим, тоа се Ерик тен Хаг од Ајакс и Јуп Хејнкес, поранешен тренер на Баерн и Борусија.