Connect with us

Други спортови

Венус Вилијамс не размислува за пензија: Се надевам дека наскоро повторно ќе играм тенис

Венус Вилијамс не планира да се откаже од тенисот и покрај сите проблеми со кои се соочи во последните години.

Искусната американска тенисерка се повреди на почетокот на сезоната, на турнирот во Оукленд. Поради ова, таа беше принудена да се повлече од Австралија опен, иако доби специјална покана за учество на првиот Грен слем.

„Не можев да одам правилно, па отидов на магнетна резонанца. Неколку дена подоцна немаше изненадувања, имав повреда на тетивата“ – откри Венус.

„Тешко ми беше. Бев долго време надвор од терените, а сега ме чека уште едно опоравување. Во постојана комуникација сум со лекарите за да видам кои се следните чекори, да знам колку време ќе ми треба да се вратам. Сега треба да се одморам“.

Иако моментално ја зазема 659. позиција на ВТА, 42-годишната Венус сè уште не планира да се откаже од тенисот.

„Почетокот на годината беше добар, победив и бев задоволна од мојата игра, се додека не се случи ова. Знам дека работите не можат секогаш да одат добро. Поминав низ многу повреди и знам колку е потребно за да ја вратам таа самодоверба. Се надевам дека наскоро повторно ќе играм тенис, не знам точно кога, се надевам што побрзо.

Во кариерата Венус освои 49 титули – од кои седум Гренд Слемови, има рекорд од 816 победи и 270 порази, а награден фонд заработи 42.406.778 долари.