Connect with us

Други спортови

Венус Вилијамс цели кон Токио 2020

Американската тенисерка Венус Вилијамс ги отфрли шпекулациите дека ќе објави крај на кариерата и порача дека со нетрпение ја очекува Олимпијадата во Токио 2020 година.

Немам намера да се пензионирам наскоро. Токио 2020 веќе е на повидок. Ќе се обидам да останам на терените и да бидам во форма за оваа Олимпијада, изјави постарата од сестрите Вилијамс.

37-годишната Венус направи силен прогрес сезонава и се искачи на петтото место на ВТА ранг листата.

Таа е носител на седум трофејот од Грен слем турнирите и има пет Олимпијади зад себе, почнувајќи од 2000 година. Има три златни медали во парови со сестра и Серена и еден во сингл.

Сезоната 2017 е година на тениските легенди. 35-годишната Серена Вилијамс го освои Отвореното првенство на Австралија и се повлече поради бременост, 31-годишниот Шпанец Рафаел Надал го крена шестиот трофејот и се искачи на врвот на АТП листата, а 35-годишниот Швајцарец Роџер Федерер заврши со седум титули и второ место на листата на АТП.