Connect with us

Фудбал

Вердер без победа првите 10 кола, отпуштен тренерот Нури

Германскиот фудбалски прволигаш Вердер го отпушти тренерот Александар Нури, откако тимот нема ниту една победа во првите десет натпревари од новата сезона во Бундеслигата.

Клубот денеска се раздели со Нури и со неговиот асистент Маркус Фелдхоф, ден по поразот на од Аугсбург со 0:3.

Првиот тим на поранешниот германски шампион привремено ќе биде предводен од Флориан Кофелдт кој е тренер на тимот до 23 години.

Нури во Вердер дојде септември 2016 година и стигна до солидната осма позиција минатат сезона.

Во моментов Вердер е на претпоследното 17. место на табелата во Бундеслигата со само пет освоени бода.