Connect with us

Фудбал

Вермален доби шанса за Барса по пауза од една година и седум месеци

По долга пауза, Томас Вермален се појави во составот на Барселона. Неговиот последен меч бил точно пред една година, седум месеци и 12 дена.

Белгиецот против Мурсија прв пат одигра натпревар без повреда. Пред тоа Вермален последен пат во тимот на Барселона се појави на 12 март 2016 година во победата над Гранада 6:0.

Вермален од Барселона заработил пет милиони евра и тоа во рок од натпреварот со Гранада до синоќешниот со Мурсија, иако не се појави во првиот тим и имаше кратка позајмица во Рома.

Белгиецот има договор со Барселона до јуни 2019 година. Годишно заработува 3,5 милиони евра.