Фудбал
Веројатно никогаш повеќе во Премиер лигата: Сопругата на Ди Марија вели дека Англија е ужасна
Сопругата на Анхел Ди Марија во едно интервју искажа многу работи поради кои веројатно нејзиниот маж нема повеќе никогаш да заигра во Премиер лигата. Како што вели Хрхелина во една емисија таа била против трансферот во Манчестер Јунајтед.
„Не сакав да одам во Манчестер затоа што во тоа време бев другарка со Жанина Марадона, која беше во брак со Кун Агуеро. Од Мадрид летнавме кај нив на 2-3 дневна посета кога Ангел имаше неколку слободни денови. Беше ужасно! Сѐ беше ужасно. Отидовме во куќата и бевме како ‘Дечки, се гледаме. Ние бегаме од тука’. Кога заминавме, му реков ‘Оди во било која земја, само не Англија’. Сепак, една година подоцна ете нѐ во Англија и беше ужасно, дупка“.