Ракомет
Веспрем останува на врвот на табелата, два гола на Манасков против Киелце
Киелце на домашен терен против Веспрем успеа да освои бод со резултат 32:32. Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, успеа да постигна два гола од три шута на голот на Киелце и да помогне за резултат со кој Веспрем останува на врвот на табелата.
Најдобри стрелци на натпреварот се: Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев со 7/7 и Кент Тонесен со 6/12.
На натпреварот судии беа македонското дуо Славе Николов и Ѓорѓи начевски, кој беа избрани за најдобри судии минатата година.