Фудбал
Вест на денот, Лионел Меси се враќа дома!
За враќањето на Лео Меси се зборуваше практично од моментот кога тој го напушти Ноу Камп, но денешната објава на аргентинската новинарка Вероника Брунати сигурно ќе израдува многу фанови на „блауграна“.
„Од 1 јули 2023 година Лео Меси ќе стане фудбалер на Барселона“, се наведува кратко и јасно во соопштението на еден од најсигурните спортски новинари во Аргентина.
1 de julio de 2023, Lionel #Messi será jugador del Barça.
— Veronica Brunati (@verobrunati) October 4, 2022
Брунати е позната по тоа што е многу блиска со најголемите фудбалски асови во својата земја, особено со Серхио Агуеро, а гостуваше и во бројни документарни филмови за многу фудбалери.
Неодамна таа објави и фотографија со Чави, што дополнително ги подгреа надежите на навивачите на Барселона дека наскоро повторно ќе ја видат легендата на клубот во својот сакан дрес.
По една сезона на прилагодување во Париз, Меси од почетокот на сезоната блеска во Пари Сен Жермен и не потсетува на асот кој сме навикнати да го гледаме речиси две децении.
На 12 настапи, Аргентинецот постигна седум гола и додаде осум асистенции, па навивачите на Барса можат да бидат задоволни од фактот што Меси продолжува да настапува на највисоко можно ниво.