Кошарка
Вестбурк потпиша рекорден договор во историјата на НБА
Најдобриот играч минатата сезона во НБА лигата, Расел Вестбурк го потпиша најбогатиот договор во историјата на најсилната светска кошаркарска лига. Како што објави „ESPN“, кошаркарот Оклахома потпиша нов петгодишен договор во вредност од 205 милиони долари.
Важноста на новиот договор почнува од почетокот на следната сезона и заедно со актуелниот договор Вестбурк до 2023 година ќе заработи 233 милиони долари.
Зад себе Вестбрук има неверојатна сезона со просек од трипл-дабл по натпревар – 31,6 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции.