Connect with us

Фудбал

Видал: Не е фер ова што го прави Барселона

Артуро Видал проговори за тужбата која ја поднел на 5-ти декември против Барселона.

-Не е фер постојано да ги барам моите пари. Повеќе не сум одговорен околу тоа, имам адвокат и тој се занимава со тоа, изјавил Видал, а пренесуваат чилеанските медиуми.

Според шпанските медиуми Видал ја тужи Барселона бидејќи не му исплатила бонуси во висина од 2,4 милиони евра. Од друга страна, пак, Каталонците тврдат дека за него нема бонуси бидејќи не ги реализирал клаузулите во договорот. Сепак, шпанските медиуми имаат теорија дека ова фудбалерот го прави со цел Барселона што поскоро да се одлучи да го продаде на Интер.