Фудбал
Видал тренира со Барселона, а во Интер се подготвуваат за медицински преглед!
Се ближи големиот трансфер на Артуро Видал во Интер! Според „Гол.ком“, фудбалерот на Барселона, кој утрово тренираше со Меси и соиграчите, се очекува да ги помине медицински прегледи во клубот од Милано.
Играчот за врска тренираше со Барселона утрово во Сиутат Еспортива. Со него беа Луис Суарез и новодојдениот Миралем Пјаниќ. Видал и Суарез не беа повикани од Куман на последниот пријателски натпревар, бидејќи и двајцата се со речиси спакувани куфери.