Фудбал
ВИДЕО: Адеми и соиграчите збеснаа – Сити на не фер начин изедначи
Манчестер Сити успеа да го израмни резултатот на натпреварот против Динамо Загреб, откако хрватската мрежа ја затресе Габриел Хесус.
Кога Сити ја развиваше акцијата, фудбалер на Динамо лежеше на тревникот поради повреда, но гостите не ја прекинаа играта и стигнаа до израмнување на „Максимир“.
Аријан Адеми бурно реагираше кај главниот судија, доби жолт картон, а малку фалеше да биде исклучен.