Кошарка
ВИДЕО: Американски кошаркари за салата на Работнички-Смрди како да умрел некој
Избраниот тим од Junior Basketball League, пред две години гостуваше во Скопје и одигра пријателски меч против Работнички. Видео од реакциите на младите американски кошаркари е објавено вчера и тоа на својот Инстаграм го објави Лонзо Бил, кој тогаш беше дел од таа делегација, а сега игра за Њу Орлеанс. Како што велат кошаркарите во видеото, соблекувалните смрдат како да починал некој, има влага и пајаци.
Тоа се за жал нивните импресии од посетата на „Градски Парк“ и Македонија.