Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал ќе му ја одземе капитенската лента на Џака?

Односите помеѓу Гранит Џака и навивачите на Арсенал никогаш не биле добри, а ситуацијата кулминираше викендов на мечот со Кристал Палас. Имено, при резултат 2:2 во 61-та минута тренерот Унаи Емери одлучи да го замени Џака, а во игра да го внесе Сако. При напуштањето на теренот доби свирежи од трибините, а Џака возврати со гестикулации какви што не доликуваат за капитен на еден тим.

-Мора да реагираме со мирна глава. Направи глупост. Во овој момент ништо не можам да ви кажам. Играчите мора да се воздржат, а во клубот ќе разговараме за мерките кои ќе бидат преземени. Не можам одлуката да ја донесам сам, изјави Емери по мечот.

Арсенал на крајот одигра 2:2 против Кристал Палас и се најде на 5.место со 16 бодови, четири помалку од четвртопласираниот Челзи.