Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал му се одмазди на Ливерпул

Пред три дена Ливерпул го совлада Арсенал со 3:1 во рамките од Премиер лигата, но синоќа „Топџиите“ се одмаздија. Славеа преку пенали и го елимираа составот на Јурген Клоп од Лига Купот. Регуларниот дел беше 0:0, а вреди да се напомене дека двете екипи настапија со „шарени“ состави. На краот Арсенал преку изведување на пенали беше подобар со 5:4.

Интересно е тоа што во финалето на Комјунити Шилд оваа сезона Арсенал исто така беше подобар од Ливерпул и тоа преку изведувањето на пеналите, што синоќа го повтори.