Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал заборави кога последен пат победи, нов шок од Брајтон

Ниту отказот на Унаи Емери и назначувањето на Љумберг како привремен тренер не му помогна на Арсенал конечно да почне да победува.

Вечерва на домашен терен „Топџиите“ доживеаја нов шок, овој пат од Брајтон со 2:1. Седум меча во Премиер лигата Арсенал не победил, а последен пат се радуваа на 6.октомври кога со минимални 1:0 на домашен терен славеа против Бурнмаут.

Гостите на вечерашниот меч поведоа преку Вебстер во 36.минута, израмни Лаказет во 50-та, а победата на гостите им ја донесе Нил Мопе во 80-та минута. Со само 19 бодови од 15 меча Арсенал е на 10-то место на табелата, додека Брајтон со еден бод помалку е на 13-то место.

На првиот вечерашен меч Њукасл славеше на гостински терен против Шефилд со 2:0.