Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Балотели распали по соиграчите откако изгубија добиен натпревар

После само 16 минути домашните водеа 2:0 со головите на Балотели и Сери, но потоа следеше голем пресврт на Марсеј. Гол даде Окампос во 26 минута, па автогол постигна Лис Мелоу за 2:2…

Во осмото коло од францускиот шампионат Ница и Марсеј одиграа навистина убав натпревар на Алијанц Ривиера, каде имаше шест голови.
Заврши 4:2 за гостите во натпревар кој понуди промашен пенал, автогол, пет жолти и еден црвен картон, па и нов испад на Италијанецот Марио Балотели.
Имено, после После само 16 минути домашните водеа 2:0 со головите на Балотели и Сери, но потоа следеше голем пресврт на Марсеј. Гол даде Окампос во 26 минута, па автогол постигна Лис Мелоу за 2:2 во 41 минути, за Аргентинецот Окампос повторно да стрела во 44 минута за целосен пресврт.

Балотели не можеше ништо против тоа. При заминувањето во соблекувалната на полувреме, удри со шаката во рекламното пано.

-Три гола во десет минути! Три гола во десет минути! Еб*те се!- грмеше напаѓачот, лут на своите соиграчи кои практично изгубија добиен натпревар.

Веќе во 48 минута Луиз Густаво погоди за 4:2 и потполно растурање на Ница, во 82 минута Плеа пропушти шанса да намали на 3:4 откако промаши пенал.

Марсеј со таа победа изби на третото место, а Ница сега е на 10-тото место.