Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Балотели „збесна“ поради расизам, сакаше да замине, се врати и постигна еврогол

Марио Балотели направи вистинско шоу на попладневниот меч помеѓу Верона  и Бреша. Имено, во второто полувреме од трибините се слушнаа расистички навреди, тој се налути, ја шутна топката во публиката, а потоа тргна да го напушти теренот.

Сепак, неговите соиграчи го убедија да се врати. Во продолжение од мечот, Балотели постигна фантастичен погодок од дистанца, со кој само го ублажи поразот на Бреша од Верона, кој заврши 2:1.